ФОТО: Ѕвездите на Манчестер му посакаа топло добредојде на херојот Јане!

На малиот херој Јане Велковски му се исполни еден од најголемите детски сонови, откако доживеа топло добредојде од ѕвездите на најтрофејниот англиски клуб Манчестер Јунајтед

Деветгодишното момче денеска пристигна во Манчестер, а во хотелот „Лаури“ кој важи за база на „црвените ѓаволи“ со насмевки на лицето беше пречекан од Маруан Фелаини, Немања Матиќ, Алексис Санчез и уште многу фудбалери на Жозе Мурињо, кои одвоија време и се подружија со македонското момче. 

Инаку, изминатото лето Јане ја освои фудбалската јавност ширум Европа, откако беше дел од кампањата на УЕФА, „Equal Game“, по што доби директна покана од Пол Погба да го следи Манчестер Јунајтед против Севиља на легендарниот „Олд Трафорд“.