Ѕвездите на Барселона останаа без новите „Аудија“, мора да ги вратат назад

Фудбалерите на шпанскиот фудбалски гигант Барселона останаа без автомобилите од марката „Ауди“ кои ги добија како подарок од спонзорот и истите ќе мора да ги вратат назад.

Во склоп на спонзорскиот договор сите добија по еден автомобил по своја желба, а истите ги користеа за работи поврзани со клубот, како одење на состаноци, тренинзи и слично.

Но, сепак, сега тие ќе мора да ги вратат назад, затоа што договорот меѓу Барселона и германската компанија „Ауди“ завршува наскоро. Според најавите нема да има продолжување, па по 30 јули, фудбалерите ќе мора да ги вратат клучевите од автомобилите.

Барселона за наредната сезона ќе се подготвува во Азија, па автомобилите ќе мора да бидат вратени откако фудбалерите ќе се вратат од турнејата.