• Саше Љолес
Фудбалерот на Евертон и репрезентативец на Сенегал, Идриса Геје, изјави дека одлуката за доделување на титулата од Африканскиот куп на нации на Мароко е огромен преседан и рече дека светот ќе го памети овој момент како „срам за фудбалот“.
Многумина ја оценија одлуката на Африканската федерација како непромислена и неправедна, а сега конечно се огласи и еден од најважните репрезентативци на Сенегал.
„Ова е навистина смешно, а можеби и трагично. За мене, овој момент е вистински срам за фудбалот. Титулите се освојуваат на терените, а не во канцеларии. Ние го сторивме своето, победивме и станавме шампиони на Африка. Што се однесува до нас, трофејот ни припаѓа нам“, рече Геје.
За потсетување, Сенегал го победи Мароко во финалето, но претходно го напушти теренот поради одлука за спорен пенал во финишот на натпреварот.

