• Иван Димовски

Лацио беше еден од најпогодените клубови од коронавирусот, но и покрај тоа мораше да игра во згуснат распоред и настапуваше и во Лигата на Европа. Викендов, пред „небескосините“ е дерби против Јувентус во Серија А.
Одлични вести за тренерот Симоне Инзаги е негативниот тест на еден од носителите на играта, Луис Алберто кој ќе се врати во тимот и ќе му биде на располагање на стручњакот за дуелот со шампионот на Итлаија.
Покрај него, во Лацио се враќа и Чиро Имобиле, па Инзаги повторно ќе има респектабилен тим за пресметката со Јувентус која е закажана за пладневниот термин од 12:30 часот за в недела.