Ѕвездата на Колумбија се пофали со 29 дијаманти имплантирани во два заба

Ѕвездата на Баерн Минхен, Луис Диаз, одлучи на посебен начин да ја украси својата насмевка. Колумбискиот фудбалер во татковината изработи таканаречен „grillz“ – украсни навлаки за заби, и тоа со вкупно 29 дијаманти. Еден заб сега му е украсен со 12 помали брилијанти, додека на друг има дури 17 брусени дијаманти, што е зафат кој сигурно не бил евтин, пишува „Билд“.

Со резултатот на Инстаграм се пофали неговиот стоматолог и специјалист за забни фасети Даниел Забалета, кој има ординација во колумбискиот крајбрежен град Баранкиља. На објавата, учесникот на Светско првенство, кој во јули 2025 година за 70 милиони евра премина од Ливерпул во Баерн Минхен, гордо се насмевнува пред камерата.

Крилниот напаѓач на Баерн не е првиот што се одлучил за ваков украс. На прославата на титулата на теренот на „Алијанц Арена“, со „grillz“ беа видени и неговите соиграчи Мајкл Олисе и Алфонсо Дејвис. Дијамантски заби носат и други познати фудбалери, како ѕвездите на Реал Мадрид – Винициус Јуниор, Родриго и Едер Милитао.