• Иван Димовски

Фудбалерот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис се опоравува по проблемите со срцето, па поради тоа е надвор од терените. Во рамките на оваа репрезентативна пауза, репрезентацијата на Канада за која настапува бекот со триумфот над Јамајка (4-0) се пласираше на Светското првенство, првпат по 1986 година.
Дејвис има 21 година и ова е прв пласман на неговата земја на еден Мундијал во неговиот живот, а поради тоа имаше емотивна реакција. Тој споделуваше снимка во живо за време на натпреварот, па емотивно и со солзи го дочека крајот.
- Реакцијата на Дејвис за пласманот на Канада на Светско првенство:
Бекот на Баерн полека се враќа во тренажен процес, се очекува во наредниот период да се врати на терените и пак да заигра. Дејвис е еден од најдобрите фудбалери на Канада и ако во целост ги надмине проблемите, со сигурност ќе ја води на Светското првенство во Катар.