Ѕвезда на Вулверхемптон мислеше дека може да патува со лична карта, па остана во Англија 

Екипата на Вулверхемптон синоќа гостуваше кај ерменски Пјуник во рамки од третото коло од квалификациите за Лига Европа, а овој меч го одигра без еден од најдобрите фудбалери, Адама Траоре. 

Младиот крилен фудбалер на аеродромот стигнал само со лична карта, мислејќи дека тој документ е доволен за да се упати за Ерменија. Но, очекувано не му беше дозволено да се качи на авионот, па премиерлигашот замина без него. 

„Не го носеше својот пасош, бидејќи мислеше дека може да патува со личната карта. Со нас ќе биде на следниот меч“, кратко коментираше менаџерот на „волците“, Нуно Еспирито Санто. 

Англискиот тим и без шпанската ѕвезда лесно се справи со Пјуник, победувајќи го со убедливи 0-4 и речиси сигурно обезбеди плеј-оф на Лига Европа.