Ѕверска партија на Лаказет: „Покер“ и погодок за успех на Лион во 100. минута! (ВИДЕО)

Лион и Монпелје приредија спектакл во 34. коло од француската Лига 1, а фановите беа сведоци на дури девет постигнати голови во натпревар кој заврши со резултат 5-4. 

Александер Лаказет го отвори резултатот во полза на домашниот тим и Лион поведе со 1-0 во 31. минута, но до крајот на полувремето Монпелје успеа да направи пресврт со двата гола на Елје Вахи. Напаѓачот постигна два брзи гола за само шеесетина секунди и гостите заминаа на паузата со водство од 1-2. 

Второто полувреме започна со „студен туш“ за домашните навивачи. Елје Вахи ја продолжи својата феноменална партија и со уште два брзи гола го зголеми водството на Монпелје на убедливи 1-4. Гостите имаа три голови предност во 55. минута и се чинеше дека чекорат кон голема победа. 

Но, така не мислеше извонредниот Александер Лаказет кој успеа да намали на 2-4 во 59. минута, а Хрватот Дејан Ловрен дополнително ги подгреа надежите на домашните навивачи кога го постигна третиот гол за Лион во 70. минута од мечот. Публиката му даде огромна поддршка на домашниот тим и сите чувствуваа дека можно е комплетно враќање во мечот. Лаказет го запиша својот хет-трик во 82. минута и израмни на 4-4, а до крајот на мечот Лион доби и пенал во 99. минута. Прецизен реализатор беше одново Лаказет кој го постигна и својот четврт гол за огромен пресврт и победа со конечни 5-4. 

Лион сега има 56 бодови на седмата позиција на табелата, додека Монпелје е дванаесетти со вкупно 43 бодови. 

Состави

Pierre Sage

4-3-3

    Michel Der Zakarian

    4-2-3-1