Ѕоф: Дуел со Македонија е добар почеток на баражот, верувам во пласман на СП

Дино

Италијанските фудбалски легенди се задоволни од ждрепката за баражот за Светското првенство 2022. 

Славниот голман Дино Ѕов смета дека Италија треба да извојува победа во дуелот со Македонија.

„Мислам дека добар почеток на баражот е дуел со Македонија. Мора да одиграме на ниво, но јас имам доверба дека ќе победиме. Потоа ни следува Португалија или Турција. Би сакал да ги избегнеме Португалците, тие се искусна репрезентација.

Разбирам дека постои страв дека може да се случи неуспех како против Шведска, но верувам дека до тоа нема да дојде. Ние сме европски шампиони и треба да го докажеме тоа. Не е важно дали финалето ќе го играме на гости, а не на домашен терен. На крајот ние ќе се пласираме на Мундијалот“ , вели легендарниот голман.

Пред четири години, македонските фудбалери изборија реми на гостувањето во Торино. Тоа ќе биде причина плус да се верува во позитивен резултат напролет.