Џузепе Роси се врати во Виљареал и доби дозвола да тренира со првата екипа

Италијанскиот напаѓач Џузепе Роси повторно се врати во Виљареал, кој му ги отвори вратите и му дозволи да тренира со првата екипа.

32-годишникот моментално е без ангажман, па ќе ја одржува формата во екипата во која помина цели шест години. Можност за трансфер Италијанецот гледа во јануарскиот преоден рок, кога заедно со својот агент ќе разгледува опции за неговата фудбалска иднина.

„Жолтата подморница“ ќе биде отворена да склучи соработка, но тоа ќе го направи само ако тренерот Хавиер Каљеха има потреба од неговите квалитети до крајот на сезоната.

Последен тим на Роси е Џенова, каде не ја доби посакуваната минутажа и поради тоа не доби нов договор.