ВИДЕО: Џузепе Роси го реши градското дерби против Валенсија

Во првиот денешен натпревар од 29. коло од шпанската Примера, тимот на Леванте стигна до значајна победа во градското дерби против Валенсија. На „Сиудад де Валенсија“ Леванте со минимални 1-0 го совлада тимот на Гери Невил, со што запиша огромни три бода во трката за опстанок во лигата. 

Домашните фудбалери беа доминантни низ сите 90 минути, создавајќи неколку шанси за гол, од кои само една успеаа да ја реализираат во погодок. За голема радост на домашните фанови се погрижи Италијанецот Џузепе Роси во 65. минута, откако по асистенција на Хуанфран на умешен начин ја смести топката во мрежата на Алвес.

Во следното коло Леванте нова победа ќе брка на гости кај Депортиво Ла Коруња, додека Валенсија на домашен терен ја пречекува екипата на Селта Виго