• Саше Љолес
Екипата на Ријека оствари нова многу важна победа во хрватското првенство и славеше со минимални 0-1 (0-0) над Шибеник во натпреварот од 34. коло.
- Извештај од натпреварот:
Лидерот на табелата го освои целиот плен со голот на Наис Џуара во 65. минута и сега има четири бода предност во однос на Динамо Загреб, кој има и натпревар помалку. До крајот на сезоната Ријека има уште два натпревари, а најтешката мисија ќе ја има во следното коло кога ќе отпатува на гости кај Хајдук во Сплит.
Битката потполно се разгорува и веројатно на повидок е голема драма за шампионската титула во хрватското првенство.
ФОТО/PHOTO: NIKSA STIPANICEV/Cropix