ВИДЕО: Џонатан Дос Сантос го реши финалето, Мексико по осми пат го освои Голд Купот

Средна и Северна Америка имаат нов владетел, откако Мексико среде Чикаго ги победи Соединетите Американски Држави со 1-0 (0-0) во финалето на Голд Купот на КОНКАКАФ. Ова е осма титула за Мексиканците со што се зацврстија на првото место на вечната листа на натпреварувањето.

Во тврдо и негледливо финале, двете селекции тешко креираа шанси за гол. Одлуката падна во 74. минута кога поранешниот фудбалер на Барселона и Виљареал, Џонатан Дос Сантос со прекрасен удар со левата нога го искористи додавањето на Раул Хименез и ја затресе американската мрежа.

  • Извештај од натпреварот: 

Домашната селекција најзрелата шанса ја имаше во 86. минута кога по една мешаница пред мексиканскиот гол Пулишиќ од непосредна близина биеше во блокот на мексиканската селекција.

Ова е прва титула за Тата Мартино на кормилото на мексиканската селекција, освоена по тежок турнир во кој Мексико дури по пенали и продолженија ги елиминира Костарика и Хаити и стигна до финалниот натпревар.

Најдобар фудбалер на турнирот е Андрес Гвардадо, најдобар голман Очоа, а најдобар млад фудбалер Пулишиќ. Мексиканците го наполнија и идеалниот тим на шампионатот. 

 

И следното издание на Голд Купот во 2021 година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави.