• Иван Димовски

Фудбалерите на Лил не искористија неверојатна можност да стават крај на резултатската криза во Лига 1 и не успеаја да победат и на шести дуел во низа. Денес на „Пјер Мороа“ домаќинот одигра реми со Нант (1-1).
- Извештај од натпреварот:
Шампионот на Франција има за што да жали. Во дуелот со Нант предност донесе Бурак Јилмаз по само девет минути игра (1-0). Лудовик Блас успеа да израмни по добрата иницијатива на гостите, кои беа подобри до паузата.
Во продолжението Лил се консолидираше, заигра многу подобро и го притисна ривалот. Серијата шанси кулминираше со досудениот пенал, кој значеше и црвен картон за бекот Фабио. Сепак, од единаесет метри не успеа да реализира Џонатан Дејвид и стана трагичар на својот тим. Напаѓачот не изведе добар пенал во 79. минута и голманот Лафонт му го одбрани. Иако Лил притисна со човек повеќе во завршницата, не успеа да победи против Нант.
По петнаесет одиграни натпревари Нант има 19 бода и е 11-ти, пред Лил кој има бод помалку на една позиција зад нив.