Џон Тери замина во пензија, па веднаш влезе во тренерски води

Англиската фудбалска легенда Џон Тери пред неколку дена објави дека заминува во пензија и веднаш влезе во тренерските води.

Некогашниот стопер на „Гордиот Албион“ и Челзи ќе биде дел од стручниот штаб на Астон Вила, каде ќе работи како асистент. Клубот назначи нов тренер, во Деан Смит, а Тери ќе биде веднаш крај него на клупата.

Некогашниот англиски првак моментално е дел од Чемпионшип лигата, а со новиот стручен штаб очекува да фати ритам и да застане на добар пат кој ќе го врати во фудбалската елита, на местото коешто му припаѓа.