Џон Оби Микел е првото засилување за Шефилд Јунајтед во Премиер лигата

Нигерскиот интернационалец Џон Оби Микел ова лето ќе ја смени средината и ќе се врати во Премиер лигата. Фудбалерот за врска оваа сезона го носи дресот на Мидлсброу, но вели дека заминува со цел да заигра за екипа од повисок ранг. 

Нескриен интерес за Микел покажа Шефилд Јунајтед, кој наскоро ќе го претстави како прво засилување за наредната сезона. Микел во Чемпионшип одигра 18 натпревари и постигна еден гол.

Микел со Челзи ја освои Лигата на шампионите, двапати англиското првенство, четири пати ФА Купот и двапати Лига Купот на Англија.