• Зоран Мишевски
Македонските голгетери добро ја започнаа новата година во националните првенства ширум светот. Еден од ветераните, поранешниот репрезентативец Иван Тричковски, пак ги подигна на нозе фановите на АЕК Ларнака и со својот гол избегна пораз..
Имено, Тричковски влезе во вториот дел и погоди за АЕК Ларнака за израмнувачки 1-1 против Хлорака. Се играше 89. минута кога Тричко пак ја покажа својата снаодливост и гол-инстикт и со резантен удар со десната нога ја погоди целта.
- Голот на Иван Тричковски против Хлорака:
АЕК Ларнака со овој бод остана лидер со 54 бода, пет повеќе од второпласираниот АПОЕЛ Никозија, кој викендов треба да го одигра својот натпревар.