• Горан Упале

Екипата на Наполи забележа нов неуспех во Серија А, откако по поразот од Лацио во претходното коло, вечерва во самиот финиш едвај се избори за реми на гостувањето кај Џенова (2-2).
- Извештај од натпреварот:
Натпреварот во Џенова, кој од трибините го следеше нашата фудбалска легенда Горан Пандев, започна со жолт картон на Ељиф Елмас уште во првата минута. Македонскиот репрезентативец се најде во стартниот состав и јавна опомена доби по само 12 секунди игра. Наполи беше подобриот ривал на теренот во првиот дел, но целосно потврди во нападот. Осимен, Елмас и Квича беа целосно индиспонирани и шампионот во првите 45 минути не испратија ниту еден директен удар кон противничкиот гол, додека на спротивната страна Џенова поведе по својата прва посериозна закана. Во 40. минута Бани го „стресе“ Мерет и повратникот во елитата поведе со 1-0.
Во вториот дел Ретеги му зададе нов удар на фаворитот и погоди за 2-0. Сепак, наполитанците не се предадоа и во финишот го скршија отпорот на домаќинот. Распадори во 76. минута намали на 2-1, додека во Политано на шест минути до крајот стрелаше за конечни 2-2 и поделба на бодовите.
Треба да се напомени дека стрелците на головите на Наполи во игра влегоа во вториот дел.