ВИДЕО: Џјуба го растажи Химки, тешка победа на Зенит во финалето на Купот

По четири години пауза, фудбалерите на Зенит се израдуваа на титулата во Купот. Денес во завршницата од финалната пресметка тие прославија минимална победа над Химки (1-0).

Фаворитот долго време се мачеше, но на крај не дозволи изненадување и запиша очекуван триумф. Тоа е четврт трофеј во историјата на тимот од Санкт Петербург, а последната радост пристигна во 2016 година.

  • Извештај од натпреварот: 

Статистиката му припадна на Зенит, но тоа не влијаеше на резултатот. Се чекаше дури до последните десет минути за да биде одлучен победникот. Трагичар на Химки беше Гапон кој направи фаул за пенал.

Најстрогата казна успешно и рутински ја реализира искусниот Артем Џјуба. 31-годишниот голгетер го измами противничкиот голман и стана човек на одлука на денешното финале.

За поразениот тим ова беше втор пораз во завршниот меч од Купот на Русија. Претходно без титула остана во 2005 година.