ВИДЕО: Џирона со гол во судиското надополнување го „освои“ Алавес

Фудбалерите на Џирона извојуваа победа на гостувањето кај Алавес со резултат 0-1 (0-0) во 19. коло од Примера. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Солис Ромеро во судиското надополнување. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски поради повреда не настапи на овој дуел.

Во првото полувреме немаше многу шанси, но имаше дури три повреди. Домашниот тим во триесет минути мораше да направи две замени, откако од игра излегоа Мартин и Џордан, а на нивно место влегоа Конечни и Гевара. Само три минути подоцна, лоша среќа ја погоди и Џирона, бидејќи повредениот Мигел Гутиерез беше заменет со Арно Данџума.

Ниту второто полувреме не беше особено интересно, а потоа следеше шок за домашните навивачи во судиското надополнување. Џирона постигна гол, а херој беше резервистот Солис Ромеро.

Каталонците сега се седми со 28 бода, додека Алавес е шеснаесетти со 17 освоени бода. Во следното коло Џирона ја пречекува Севиља, додека Алавес гостува кај Бетис.

Состави

Нема податоци за овој натпревар

Luis Garcia

    Michel