ВИДЕО: Џирона ја шокира Барселона и го остави Реал на врвот!

Фудбалерите на Џирона ја изненадија Барселона и победија со 2-1 (0-0) во натпреварот од 24. коло на шпанската Примера. Овој резултат значи дека шпанската елита добива нов лидер, односно Реал Мадрид ќе остане на челната позиција со предност од два бода во однос на лутиот ривал. 

  • Извештај од натпреварот:

Уште од стартот каталонскиот гигант тргна доминантно, почнаа да редат шанси преку Рафиња и Јамал, меѓутоа безуспешно. Во финишот на првиот дел Бразилецот погоди статива, а голема глупост направи Дејли Блинд кој направи пенал. Младиот Ламин Јамал не успеа да реализира, бидејќи ја погоди стативата. 

На стартот на вториот дел голема шанса имаше Брајан Хил, меѓутоа откако не погоди следуваше казна. Пау Кубарси со глава реализира по точно еден час игра по асистенција од Жул Кунде (0-1). Сепак, радоста на каталонскиот тим траеше кратко, бидејќи само две подоцна Томас Лемар реализира за 1-1 по додавање од Ванат. Следуваше период со многу измени, а тоа го уништи темпото. Некое време немаше големи возбудувања, Џирона беше нешто поопасна и креира неколку полушанси. 

Во завршницата Фран Белтран по асистенција од Рока погоди за 2-1 во 87. минута, иако Кунде бараше прекршок. Драмата кулминира во судиското продолжение од седум минути кое се оддолжи. Во него имаше сè, шанси за Барса, потенцијални стартови за пенал и црвен картон за Рока кој заедно со Витсел направија сè што можат за да го запрат Јамал. 

На крајот, Џирона преживеа и ги израдува „кралевите“. Сега Реал има 60 бода на челната позиција, а Барселона има 58 бода, додека Џирона со 29 се наоѓа на 12. позиција.