• Саше Љолес
Екипата на Џирона беше многу близу до првата победа во новата сезона од Примера, но на крајот ремизираше на гостувањето кај Селта Виго со конечен резултат 1-1 (0-1).
- Извештај од натпреварот:
Гостите од Каталонија имаа водство до 92. минута, кога домаќинот се избори за пенал кој презицно го реалириаше Борха Иглесиас. Џирона претходно го отвори резултатот со голот на Украинецот Владислав Ванат во дванаесеттата минута.
Двата тима остануваат без триумф по четири одиграни кола во елитното шпанско друштво. Во следното коло Џирона ќе го пречека Леванте, додека Селта ќе гостува кај тимот на Рајо Ваљекано.











