ВИДЕО: Џирона и Хетафе со реми го отворија 17. коло во Примера

Во првиот натпревар од 17. коло во Примера, фудбалерите на Хетафе, иако имаа предност, на крајот на гостински терен ремизираа против Џирона со 1-1.

Во првиот дел, тим од Каталонија беше подобар ривал и создаде неколку шанси за погодок, но гостинскиот голман одлично бранеше. Казната за неискористените прилики, стигна во 61. минута, откако Анхел со прекрасен удар, по асистенцијата на Антунес, го матира домашниот голман и донесе предност од 0-1.

До крајот, домаќините ги фрлија сите адути на нападот, а голот за израмнување стигна во 85. минута (Еспиноза). На крајот овој резултат беше и конечен, па со освоениот бод и двата тима останаа во горниот дел на табелата.

Во наредното коло Џирона ќе игра на гостински терен против Леванте на Енис Барди, а Хетафе ќе ја пречека Барселона.