• Зоран Мишевски

Фудбалерите на Бенфика се на чекор да ја вратат титулата во Лисабон, откако на три кола до крајот на Примеира се одлепија на +2 пред актуелниот првак Порто. Екипата на Бруно Лаж, бодрена од десетина илјади фанови во Брага, забележа победа од 1-4 и максимално го искористија киксот на Порто во петокот навечер.
Откако одиграа лош прв дел, „црвените“ постигнаа два гола од пенал преку Пици, еднаш реализираа и Бруно Диаз и Рафа Силва за можеби клучна победа во борбата за титулата.
Порто прокоцка двојна предност и одигра само 2-2 против Рио Аве, што може да биде кобно за екипата на Консеисао.
- Брага - Бенфика 1-4:
- Порто - Рио Аве 2-2:
Со оглед на тоа што нема повеќе директни дуели до крајот на сезоната, а Бенфика има и подобар меѓусебен дуел, најтрофејниот клуб во Португалија е многу блиску до титулата.