• Зоран Мишевски

Второлигашот Шкендија Арачиново го претстави своето најново засилување. Клубот од Арачиново постигна договор со Џихан Адили, кој ќе го носи црвено-црниот дрес во продолжението од сезоната.
Адили е играч кој своите први фудбалски чекори ги направил во редовите на ФК Шкупи, а во досегашната кариера настапувал и за Беласица, Дреница, Кожуф и Брегалница, каде што стекнал значајно искуство и се изгради како борбен и дисциплиниран фудбалер. Последен клуб во неговата кариера повторно е Шкупи, од каде што дојде во Арачиново.
Во Шкендија Арачиново веруваат дека Адили ќе биде важен дел од тимот и ќе помогне во остварувањето на клупските амбиции во претстојниот период.







