Џигероски: Ремито со Пелистер не смее да се сфати трагично

Лабуништа влезе во резултатски недостаток на резултати, откако по поразот во Дебар пред осум дена, вчера испушти домашна победа против Пелистер. Да не беше голот на Маневски за 1-1 на десетина минути пред крајот, Лабуништа сега ќе беше на само два бода до лидерот, а не на пет како што денес изгледа врвот на табелата.

Нерешениот исход сега мора да се сфати како позитивен резултат, знаејќи против кој ривал играа фудбалерите  на Лабуништа. 

„Нашата екипа беше подобра на теренот и повеќе ја посакуваше победата, но фудбалот е интересен затоа што не победува секогаш подобриот или тој што сака победата. Првично од ремито не сме задоволни, но кога ќе се погледнете табелата и не е така лош резултат“, смета Симјановски.

Тренерот Џигероски смета дека не треба трагично да се сфати овој исход, иако неговата екипа била многу блиску до победа против Пелистер.

„Вистински дерби натпревар. Влеговме во мечот со големи очекувања и притисок после загубениот меч со Кораб во Дебар. Одигравме добро, штета што не издржавме уште 5-6 минути потоа ривалот ќе почнеше да брза и можеби ќе се одбранавме. Ние се уште сме во игра за исполнувањето на целта и мислам не треба да се сфати ремито со Пелистер трагично. Продолжуваме понатаму, во следната рунда ни гостува Кадино, во меч кој треба и мора да го добиеме“, смета Џигероски.

Минатата сезона Лабуништа не успеа во баражот против Тиквеш да се избори за дуел со Силекс, а целта оваа сезона е пак да заврши на едно од првите две места, по можност водечкото, кое директно носи промоција во ПМФЛ.