Џибрил Дианеси наместо за Брера ќе тресе мрежи за Вардар!

Иако пред неколку недели беше претставен во Струмица, искусниот напаѓач Џибрил Дианеси од денес е нов член на Вардар. Формулата на трансферот не е официјално позната, но фудбалерот веќе се приклучи на подготовките на Вардар во Словенија

Се работи за француски фудбалер со потекло од Мали. 28-годишниот Дианеси игра на крилната позиција, а во Македонија доаѓа од Ла Лувие во Белгија.

Искусниот Дианеси во кариерата го носел дресот на Тулуз, холандските клубови Мастрихт и Фортуна Ситард и Калју од Естонија. Минатата сезона во Белгија, Дианеси настапи на тринаесет натпревари и постигна три гола.

Новата сезона во Првата фудбалска лига (ПМФЛ) почнува на 10/11 август. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.