• Зоран Мишевски
Фудбалерите на Виљареал на домашен терен го победија Еспањол со 1-0 (0-0) во последниот натпревар од 26. коло на шпанска Примера.
Гостите од Барселона ја прекинаа серијата одлични резултати, а доживеаја пораз по четири натпревари со бодови, додека домаќинот со денешниот триумф ја продолжи трката за Лигата на шампионите.
„Жолтата подморница“ постигна гол во 31. минута, но реализацијата на Бери беше поништена поради офсајд. Моментот кој го реши мечот се случи во 52. минута кога Џереми Пино шутираше од прва по додавањето на Пепе и погоди за голема домашна радост.
Виљареал ја зазема петтата позиција на табелата во шпанската Примера со 55 бодови, додека Еспањол е тринаесетти со 39 бода.