• Горан Упале
Џердан Шаќири по четиринаесет години одлучи да се повлече од швајцарската репрезентација. Својата одлука ја соопшти преку социјалните мрежи, поточно преку својот Инстаграм профил.
„Седум турнири, многу голови, четиринаесет години во швајцарската репрезентација и незаборавни моменти. Време е да се збогуваме. Одличните спомени остануваат и време е да се збогуваме со сите", рече Шаќири.
Креативецот за швајцарската репрезентација одигра 125 натпревари и постигна 32 гола. Европското првенство беше последно натпреварување во неговата кариера за репрезентацијата.