ВИДЕО: Џерард загуби глава покрај аут-линијата, за малку не доби удар од стаклено шише

Стивен Џерард

Тензичниот натпревар меѓу Хиберниан и Ренџерс заврши во полза на фаворизираната екипа од Глазгов.

Гостинскиот менаџер Стивен Џерард во еден момент загуби глава и заедно со неколку членови на неговиот тим тргна да се пресметува со противничката клупа. Причината беше стравичниот старт кој беше направен врз неговиот фудбалер, Хрватот Борна Баришиќ.

Реакцијата на Стивен Џерард:

Натпреварот заврши со резултат 0-3, што ги натера домашните навивачи да фрлаат разни предмети на теренот. Едно стаклено шише за малку не заврши во главата на Џерард, па беше избегната поголема трагедија и инцидент.

По 17 одиграни кола, Ренџерс заостанува два бода зад лидерот на табелата во шкотското првенство Селтик.