Џерард отпадна, хрватска легенда ќе биде нов тренер на Миовски во Ренџерс?

Иако деновиве силно се шпекулираше дека нов тренер на славниот Глазгов Ренџерс ќе биде Стивен Џерард, сепак, најновите информации говорат нешто сосема поинакво и изненадувачко за навивачите. 

Според неколку шкотски и англиски медиуми, прв кандидат за клупата на „полицајците“ е Хрватот Славен Билиќ, кому последен ангажман му беше од саудискиот Ал-Фатех. Ова значи дека нашиот Бојан Миовски би можел да добие тренер од Балканот, кој многу добро ги познава фудбалерите од овој регион. 

Досегашниот тренер, Расел Мартин, ја плати цената за лошите резултати, па затоа управата на Ренџерс веднаш тргна во потрага по солидни и слободни опции. Билиќ има огромно искуство од работењето на „Островот“, но никогаш „не се пробал“ во шкотската Премиер лига. 

Важи за солиден стратег, кој своевремено бележеше значителни успеси со англискиот Вест Хем, а потоа работеше уште во Вест Бромвич Албион и Вотфорд. 

ФОТО/PHOTO: Dražen Patarčić/HNS