Џерард обезбеди и второ засилување за новата сезона

Шкотскиот вицешампион Глазгов Ренџерс го обезбеди второто засилување за новата сезона. Дефанзивецот на Лестер Сити, Калвин Бејси премина на „Ајброкс парк“. 

Стивен Џерард потпиша четиригодишен договор со шкотскиот состав, а целиот процес ќе биде официјализиран откако ќе стартува летниот трансфер-период.

„Бејси е физички силен играч кој ги исполнува современите барања за целосен бек. Тој е многу енергичен и моќен и со неговите квалитети ќе може да стане значен дел од нашиот тим”, рече Џерард.

Глазгов Ренџерс веќе го откупи и романскиот репрезентативец, Јанис Хаџи, кој претходно настапуваше на позајмица од белгискиот Генк.