• Сашо Поповски

Астон Вила од оваа сезона го ангажира Стивен Џерард на тренерската позиција и во текот на зимскиот период донесе две екстра засилувања.
Филипе Кутињо до крајот на сезоната ќе игра на позајмица на „Вила Парк“. На левата бековска позиција, пак, ќе оперира Лукас Дињ, кој си замина од Евертон. Сега легендарниот англиски фудбалер го посакува и Ивес Бисума. Фудбалерот на Брајтон важи за голем талент и е посакуван од голем број екипи од Премиер лигата.
24-годишникот значително ја подигна формата во тековната сезона. Тоа му донесе покачување на откупната сума, која моментално се движи измеѓу 50 и 60 милиони евра.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк