ВИДЕО: Џерард е легенда – се лизгаше на стомак натопен со пиво и шампањ

Џерард

Ренџерс предводен од Стивен Џерард победи на гостувањето кај Сент Мирен и застана на само еден бод од освојување на титулата во шкотскиот шампионат.

Лидерот на табелата има огромни 21 поени предност пред Селтик, кој мора да го победи Данди Јунајтед за да спречи шампионско славје кај лутиот ривал.

Иако крунисувањето не е официјално, Џерард и неговите фудбалери бруно славеа во соблекувалната. Пиво и шампањ имаше насекаде, а предводникот на Ренџерс ги одушеви фановите со својата прослава, лизгајќи се на стомак на водениот под.

Откако стана од подот натопен со пиво, Џерард потоа гордо крена трофеј над главата.