Џерард дал „зелено светло“: Синот на легендарниот Хаџи пред потпис со Ренџерс

Јанис Хаџи, синот на легендарниот романски фудбалер Георге Хаџи, е на чекор до трансфер во редовите на шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс. Како што пренесуваат британските медиуми, сумата на трансферот сè уште не е позната, но преговорите меѓу двата клуба се движат по вистинскиот пат. 

Младиот офанзивец во Глазгов пристигна во јануари, на шестмесечна позајмица од белгискиот Генк и со своите одлични партии го натера Стивен Џерард да побара од раководството целосен откуп на договор со романскиот репрезентативец. 

21-годишниот Хаџи за Ренџерс настапи на 12 натпревари, на кои постигна три гола, а запиша и исто толку аситенции.