• Иван Димовски
Пандемијата од коронавирусот откажа голем број национални првенства, а дел од нив можеби и нема да го дочекаат својот крај.
Клаузура лигата во Мексико, како и многу други беше суспендиран, а локалните медиуми сметаат дека истата би можела да биде прекината. Ситуацијата е навистина сериозна, а титулата во случај на прекин би ја добил Круз Азул кој е прв на табелата по десет кола.
Сепак, неочекуван демант стигна од овој клуб, кој со џентлменски потег најави дека не би го прифатил трофејот без да се доигра лигата и сè биде регуларно.
„Ви благодарам, но ние не сме заинтересирани за освојување на титулата на ваков начин. Наша цел е до крај да го доиграме првенството и да бидеме шампиони на Клаузура“, напиша клубот на Твитер.
Инаку овој потег е за голем поздрав, бидејќи Круз Азул не го освои трофејот цели 23 години, па за фановите титулата многу би значела.