Џентлменски потег на „граѓаните“: Шампионски дочек на Ливерпул на „Итихад“ (ВИДЕО)

Пеп Гвардиола и Манчестер Сити го остварија ветеното. Шампионите се познаваат и по поразите, откако Пеп Гвардиола и Манчестер Сити го остварија ветеното и му приредија шампионски дочек на Ливерпул. 

Пред почетокот на дербито на „Итихад“, новиот првак на Премиер лигата, Ливерпул за првпат по триесет години почувствува како е да се биде шампион и Клоп и своите пулени го добија најавениот шпалир.

„Црвените“ одиграа доминантна сезона во Премиер лигата и повеќе од заслужено го грабнаа престижниот трофеј од англиската елита.