ВИДЕО: Џенова со два гола во четири минути ја продолжи агонијата на Венеција

Екипата на Џенова на домашен терен беше подобра од Венеција (2-0) во последниот дуел од 25-тото коло во италијанската Серија А.

  • Извештај од натпреварот:

Популарните „грифони“ до победата дојдоа со блесок во самиот финиш, кога во период од четири минути му дадоа два гола на противникот кој е во зоната за испаѓање во калчото и седум меча нема победа во Серија А.

Првиот гол падна во 82. минута кога Екубан го проигра Пинамонти и тој реализира, а потоа во листата на стрелците во Џенова се запиша и Корнет во 86. минута. Интересно е што и на двата гола асистент беше Екубан.

Џенова во следното коло гостува кај првакот Интер, додека Венеција ќе му биде домаќин на Лацио.