ВИДЕО: Џенова имаше реми, но прими два брзи гола и загуби од Каљари! 

Четвртото коло на Серија А стартуваше како што посакуваа сите неутрални фанови на италијанскиот фудбал, откако екипите на Каљари и Џенова одиграа неизвесен натпревар, кој на крај со два доцни гола заврши во полза на домаќините (3-1). 

  • Извештај од натпреварот: 

Ако во првиот дел актерите на мечот тотално разочараа, играјќи без ниту една посериозна шанса, во вториот се „распукаа“, тргнаа со сите сили по поход на трите бода, кои на крај останаа во Каљари. 

Симеоне по само една минута игра во вториот дел ги најави атрактивните втори 45 минути и донесе водство за Каљари, кое Џенова успеа да го анулира дури во 83. минута, кога погоди Куаме. 

Сепак, веќе во следниот напад, Запата несреќно си даде автогол на задоволство на домашните фанови, а во 87. минута Жоао Педро ја запечати победата на Каљари од 3-1.

Нашиот репрезентативен капитен Горан Пандев ги одигра последните 15 минути, откако мечот го започна од клупата за резерви.