ВИДЕО: Џенова и Пандев спасија бод со Сасуоло, рапсодија на Аталанта во Емполи

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев тргна во стартниот тим и одигра скоро цел натпревар за Џенова, а неговиот тим во самиот финиш успеа да се спаси од пораз (2-2) во рамки на Серија А.

Популарните „грифони“ и гостинот одиграа возбудлив натпревар кој понуди четири гола, а паднаа уште три, ама ВАР ги поништи поради офсајд-позиции. Сасуоло беше на прагот да ги освои трите бода, но остана без полн плен кога сите го чекаа крајот.

Човек на првиот дел од натпреварот беше Џанлука Скамака, кој даде два гола за Сасуоло. Поточно три, но првиот му беше поништен поради офсајд во 10. минута. Потоа, истиот играч реализира во 17. и 20. минута за предност од 0-2 на гостите, а иако Џенова се врати преку Дестро и намали на 1-2, следниот гол на напаѓачот беше поништен во 34. минута повторно поради офсајд.

Во второто полувреме Сасуоло имаше две убави шанси да ја направи победата поубедлива, но Ѓуриќиќ и Фратези не успеаја да го надмудрат Сиригу. Пандев беше на терен до 76. минута кога на негово место влезе Каиседо. Кога сите чекаа крај, Васкез погоди во мрежата на Сасуоло во 90. минута за конечни 2-2.

Аталанта блескаше и убедливо победи на гости кај Емполи (1-4). Јосип Иличиќ беше двоен стрелец за 0-2, а откако Ди Франческо намали на 1-2, во вториот дел Вити си даде автогол за 1-3. Иличиќ имаше шанса за хет-трик во 67. минута, арно ама промаши пенал, но тоа го поправи Дуван Запата во 89. минута за конечни 1-4.

Удинезе и Болоња одиграа дуел без победник (1-1). Домаќинот скоро цел меч беше со црвен картон поради исклучување на Переира во 38. минута. Прва до предност дојде Болоња преку Бероу во 67. минута, додека во 83. минута Бето донесе бод на „Дачија Арена“.

Состави

Андреј Шевченко

4-4-2

    Алесио Дионизи

    4-2-3-1