Трајковски е замената за Пандев во Џенова!?

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски не се снаоѓа најдобро во Мајорка, па тоа е причина да се шпекулира дека наскоро ќе го напушти клубот.

Според италијански „Secolo XIX“, голгетерот е подготвен да прифати понуда од Италија. Екипата на Џенова, каде подолг период игра Горан Пандев, наводно е заинтересирана за нашиот интернационалец.

28-годишникот е интересен за тимот од „Луиџи Ферарис“ кој бара нова офанзивна опција за наредната сезона. Играњето на италијанско тло нема да е новост за македонскиот напаѓач, кој во минатото четири години го носеше дресот на Палермо.

Неговата кариера започна во Цементарница, потоа продолжи во Хрватска и Белгија, за најдолго да се задржи на Сицилија.

Трајковски одигра 27 меча во изминатите две сезони за Мајорка, а постигна само еден погодок во Купот на Кралот.