ВИДЕО: Џенова без Пандев на „Мараси“ славеше победа против Фиорентина

Во натпревар од 3. коло на Серија А помеѓу Џенова и Фиорентина, кој требаше запона да се игра на 11 септември и беше прекинат во 28. минута поради невреме, се доигра вечерва, а победата ја однесоа фудбалерите на Џенова со 1-0 (1-0). Нашиот репрезентативец Горан Пандев денешниот натпревар го преседе на клупата за резервни играчи.

Во продолжение на натпреварот на „Мараси“ првата шанса ја имаа домаќините преку Ригони, а тоа воедно беше најава и за водечкиот погодок. Голот за водство од 1-0 беше дело на Лазовиќ, кој прекрасно биеше по асистенцијата на Нинковиќ.

Во продолжените „виолетовите“ имаа повеќе од играта создадоа неколку шанси, но не успеаа да го совладаат домашниот голман, па тимот на Пандев освои нови три бода за искачување кон средината на табелата. Џенова оваа сезона сè уште е без пораз на домашен терен.

Во наредното коло во Серија А на распоред е „македонското дерби“ - Џенова на Горан Пандев го пречекува Палермо на Нестороски и Трајковски. Фиорентина во следното коло игра против Лацио на „Олимпико“.