• Мартин Танасковски
Македонскиот тренер Џенгис Реџепи во новата сезона повторно ќе биде дел од косовскиот фудбал, каде ќе води прволигаш.
Реџепи е назначен за нов тренер на Лирија од Призрен. Со овој клуб тој потпиша договор на една година. На презентацијата истакна дека му е чест да го води овој клуб, а целта е да се опстане во елитното друштво.
Џенгис Реџепи во минатото има искуство во Косово затоа што работеше во тимот на Лапи. Последен клуб на тренерот е Беса, која успеа да ја спаси во ВМФЛ-Запад.
Исто така овој стратег во својата биографија ја има и репрезентацијата на Македонија, каде работеше како асистент на претходниот селектор Игор Ангеловски.