• Саше Љолес
Сплитски Хајдук и тренерот Џенаро Гатузо беа близу до шампионската титула во Хрватска, но ситуацијата се промени по серијата лоши резултати и петте меча без победа.
Италијанскиот стратег најави голема борба до крајот, иако призна дека мисијата ќе биде тешка и индиректно најави заминување од клубот каде пристигна минатото лето.
„Да не се повторувам, дојдов со насмевка во овој прекрасен град и така планирам да заминам. Среќен и исполнет. Овие 11 месеци беа тешки и ќе ми биде жал кога ќе си одам. Тука запознав прекрасни луѓе кои оставија голем белег во мојот живот.
Ќе се бориме до крајот на првенството, иако епилогот не зависи само од нас. Се надевам на успешна приказна по одигрувањето на последните мечеви“, рече Гатузо.
На три кола до крајот, Хајдук има три бода помалку од водечката Ријека и два помалку од Динамо Загреб.
Фото/Foto: Damir Krajac/Cropix