• Зоран Мишевски
Македонскиот интернационалец Џелил Асани е нов член на белорускиот клуб Топредо Белаз. Асани потпиша договор до крајот на сезоната со опција за уште една сезона ако двете страни бидат задоволни од соработката.
Шампионатот на Белорусија новата сезона ќе ја започне на почетокот на месец април и Асани ќе има доволно време да се навикне на својот нов клуб. Тој веќе одигра неколку пријателски натпревари во Анталија каде екипата се подготвува шампионатот.
По настапите на Малта, офанзивниот фудбалер за врска сега има нов предизвик и ќе настапува во далеку поквалитетен шампионат каде може уште повеќе да се докаже.