• Горан Упале
Екипата на Карабах го приреди најголемото изненадување во првиот дел од новата сезона во Лигата на шампионите. „Џелатот“ на Шкендија, во воведното коло го шокира големиот фаворит и португалски гигант Бенфика и среде Лисабон славеше во лудиот натпревар со пет постигнати гола (2-3).
- Извештај од натпреварот:
Лисабонските фудбалери по шеснаесет минути веќе имаа водство од 2-0 (голови на Баренечеа и Павлидис) и се чинеше дека трите бода ќе останат на „Да Луж“, но следуваше неверојатен кам-бек на тимот кој што елиминиран нашиот шампион во квалификациите.
До крајот на првото полувреме Карабах намали на 1-2, а само што започна вториот дел Дуран израмни на 2-2. Овој резултат беше активен до самиот финиш, кога во 88. минута Олексиј Кашчук донесе молк на трибините во Лисабон и на својот тим му обезбеди херојска победа од 2-3.
Шампионот на Азербејџан во следното коло ќе се сретне со Копенхаген, додека Бенфика први бодови ќе брка на гости кај Челзи.







