ВИДЕО: Џексон го реши Евертон и го задржа Челзи во битката за ЛШ

Фудбалерите на Челзи го продолжуваат чекорот за пласман во Лигата на шампионите и славеа со минимални 1-0 (1-0) над Евертон во натпреварот од 34. коло на англиската Премиер лига. 

  • Извештај од натпреварот:

Творец на триумфот беше Николас Џексон, кој ја затресе мрежата на „карамелите“ во 27. минута, поставувајќи го конечниот резултат на мечот. Евертон имаше неколку солидни шанси, двапати се одбиде во рамките на голот, но не успеа да извлече голем бод на „Стемфорд Бриџ“. 

„Сините“ од Лондон сега имаат 60 бода, исто колку и петтопласираниот Нотингем Форест, додека Евертон привремено останува на тринаесеттата позиција со вкупно 38 бода на своето салдо. 

Во следното коло Челзи ќе одигра големо дерби против Ливерпул, а Евертон на домашен терен ќе ја има фаворитската улога против Ипсвич Таун