• Иван Димовски

Фудбалерите на Македонија забележаа и трет пораз во циклусот на Лигата на нациите во кој за првпат играме во Лига Б. По Швајцарија и Словенија, против нашата селекција три бода забележаа и Шкотланѓаните.
По натпреварот на Арената „Тодор Проески“ свој коментар по дебито во националниот тим даде Ѓорѓе Џеков, кој кажа:
„Чест и задоволство ми е што сум дебитант во нашата најдобра репрезентација, но искрено не се надевав на вакво деби. Имаме мала резултатска криза, но се надевам, почнувајќи од мене и сите други, што побрзо да се издигнеме од овој тежок период и да почнеме да победуваме веќе од наредниот следниот натпревар. Притисокот најчесто е на нас дефанзивците. Но, се надевам дека во следните натпревари ќе биде многу подобро - да ја сочуваме нашата мрежа и да почнеме да победуваме“.
Македонија го затвора овој најдолг ФИФА прозорец со гостување кај Швајцарците во вторник. Потоа во ноември ни следуваат уште два меча, дома со Словенија и на гости кај Шкотска.






