• Иван Димовски

Фудбалерите на Силекс ќе бркаат крај на кризата во која западнаа во ПМФЛ, а шанса за такво нешто ќе биде натпреварот против Тиквеш од деветтата рунда.
Кратовчани врзаа три порази, ама и покрај тоа голманот Љупче Џеков нагласи дека атмосферата во тимот е одлична. Младинскиот репрезентативец порача дека Силекс оди на трите бода, ама повика и на претпазливост.
„На дуелот со Тиквеш одиме на три бода, сакаме да излеземе од мини кризата. Ќе се обидеме да го искористиме нашиот домашен терен и домашната публика за да се вратиме во вистинскиот колосек. Атмосферата во тимот е одлична, трите порази гледаме да ги ставиме на старана и максимално да се фокусираме кон мечот со Тиквеш. Се надевам дека ќе ги освоиме трите бода, затоа што овој меч многу ни значи и да ја подигнеме самодовербата во екипата. Имаме респект за тимот од Кавадарци, Тиквеш на чело со тренерот Мојсов игра добро, но ние имавме доволно време да го анализираме противникот и со тимска игра се надевам дека бодовите ќе останат во Кратово“, изјави младиот голман.
Натпреварот на „Градскиот стадион“ во Кратово се игра во терминот од 15:00 часот.



