• Горан Упале

Финалниот натпревар од Купот на Италија го одбележа судирот меѓу напаѓачот на Интер, Един Џека и тренерот Симоне Инзаги.
Џеко му се налути на тренерот што го замени во 58. минута, кога Инзаги на теренот го испрати Ромелу Лукаку. Џеко одби да се поздрави со тренерот, а после тоа имале жестока расправија на клупата за резерви. Италијанските медиуми најавуваат дека Џеко поради своето однесување би можел да биде само гледач од клупата на финалето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, а неговото место да го заземе токму Лукаку.
37-годишниот напаѓач од Босна и Херцеговина, оваа сезона постигна 14 гола. Тој има договор со Интер до крајот на јуни.
Интер со двата гола на Лаутаро Мартинез славеше со 2-1 против Фиорентина и го освои Купот на Италија.